Вести Македонија Најважни

Шесткратно е зголемен бројот на случаи на силување на деца помлади од 15 години

Загрижувачки се бројките за семејното насилство. Во првите пет месеци од годинава се регистрирани 768 кривични дела, што е за 67 проценти повеќе од лани. Најчести се телесните повреди и загрозувањето на сигурноста, а евидентирани се и четири убиства поврзани со семејно насилство.

Во пораст е и врсничкото насилство. Регистрирани се 90 инциденти во 64 училишта, а особено загрижува фактот што бројот на случаи на насилство врз деца е повеќе од двојно зголемен. Шесткратно е зголемен и бројот на случаи на силување на деца помлади од 15 години.

„Полицијата секојдневно е прва линија на контакт со семејствата во коишто се случува семејно насилство и токму затоа размената на информации меѓу полицијата, училиштата и центрите за социјална работа е клучни. Ако дете е сведок на насилство во домот тоа треба да биде препознаено пред се пред да настане насилство во рамки на училиштата“, изјави Панче Тошковски, министер за надворешни работи.

Според психолозите, изложеноста на семејно насилство остава длабоки последици врз развојот на децата и значително го зголемува ризикот од агресивно однесување. Децата кои растат во средина исполнета со насилство почесто покажуваат агресија, учествуваат во тепачки и полесно стануваат дел од врсничко насилство. Но, предупредуваат експертите, агресијата е само една од последиците на детската траума.

„Кога во училиштето ќе видиме дете коешто покажува агресија или агресивно однесување, не ги почитува правилата, навредува врсници или постојано влегува во конфликти, нашата прва задача е да го прекинеме тоа неприфатливо однесување и да обезбедиме безбедност, но наша професионална задача е всушност да поставиме едно многу поважно прашање.
Што му се случува на ова дете? Што стои зад тоа негово однесување?“, рече Емилија Бошковска, претставник на Комората на психолози.

Надлежните најавуваат засилени превентивни мерки во училиштата. Се зајакнуваат стручните служби, се воведуваат дополнителни активности за заштита на учениците и повторно се враќаат дежурствата на наставниците. Пораката е дека справувањето со насилството бара заедничка акција на семејството, училиштата и институциите.

„Во моментов знаете во собраниска процедура се законски измени кои предвидуваат парични казни за родителите и старателите на децата за кои ќе се утврди дека извршиле врсничко насилство во училиштето“, вели Весна Јаневска, министерка за образование и наука. 

„Треба да ги научиме децата и младите како да комуницираат со почит, како да ги препознаат сопствените и туѓите емоции, како да ги решат конфликтите без агресија и како да побараат помош кога им е потребно“, изјави Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади.

Министерствата за образование и наука, социлајна политика демографија и млади и за внатрешни работи потпишаа национална декларација против насилство кај младите, а денеска заедно со претставници на комората на психолози беше претставен и нов проект „прекинување на циклус на насилството – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Meциновиќ: Постои ли стратегија за домовување со оглед што 300 илјади станови се празни, а повеќето од младите се под кирија?

Tea Dimkovska

ЕП: Идентитетот надвор од пристапување – историската комисија да постигне резултати

Tea Dimkovska

Мицкоски смета дека опозицијата има “уплав од избори“ – СДСМ е на став дека кога владата ќе снема пари тогаш човекот ќе оди на избори

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе