Вести Македонија Најважни

Приведен е Илчо Ѓорѓиевски, поранешен претседател на ФФМ

Под водство на обвинител од Обвинителството за гонење на организиран кримкнал, во содејство со МВР и Финансиската полиција, се спроведува акција на повеќе локации, се вршат претреси.

Според информациите на Телма пред половина час, во рамките на оваа акција е приведен Илчо Ѓоргиевски, поранешен претседател на ФФМ.

Пријава против него имаше поднесено уште во 2019 година дека како претседател на „Фудбалската федерација на Македонија“ извршил кривични дела „даночно затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“. Пријава беше поднесна и за ФФМ. Тој беше осомничен дека прикажал лажни и невистинити податоци во завршната сметка и не платил данок на добивка, со што  „Фудбалска федерација на Македонија“ се стекнала со противправна имотна корист од 1.680.912 денари, за кој износ го оштетиле Буџетот на државата.

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопштија дека заедно со Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи спроведуваат координирана акција на повеќе локации во Скопје. Акцијата е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ спроведена од истражителите на Истражниот центар при ОЈО ГОКК и УФП. Повеќе информации за предметот ќе бидат соопштени во текот на денот по завршување на дејствијата што се преземаат.

Кривична пријава за поранешниот претседател и за ФФМ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Ова не беше лесно“, Трамп во Версај стави потпис на договорот за крај на војната меѓу САД и Иран

Дејан Дејан

Осудени родителите на Коста Кецмановиќ, момчето кое уби десет ученици и вработен во основно училиште во Белград

Дејан Дејан

Украина го изврши најголемиот напад врз Москва во последните две години

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе