Вести Македонија

Јовески е првиот човек на кого Муареми му се јавил за време на претресот, вели Русковска

„Ако на обвинителката ова и се случи, што ќе ни се случи нас“, вака велеле сведоци што требало да дадат исказ во предметот против поранешниот директор на Финансова полиција, Арефат Муреми, тврди поранешната шефица на обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска.

-Не знам до каде е предметот, како што имам информации од колешката многу од луѓето повикани да дадат искази, се плашат. Јас бев суспендирана во вторник, за во петок имав закажано искази, но луѓето се апсолутно заплашени со ова да дојдат и да дадат исказ. По ова што мене ми се случи е обесхрабрувачко за сите обвинители. Секој еден обвинител со право ќе се запраша ако добие предмет во кој е пријавен трет братучед на функционер, дали да постапува или не – вели Русковска.

Во врска со мобилните телефони на Муареми, кои биле побарани на претресот кој бил извршен по барање на Русковска, а за кои поранешниот директор на Финансова рекол дека ги изгубил, Русковска откри уште еден детаљ.

-Додека траеше претресот бев во комуникација со истражителите. Кога дошле, тогашниот директор не бил на работа, кога дошол и му ги покажале наредбите за претрес и кажал на секретарката да му звони на републичкиот обвинител, секретарката го немала, му се јавиле на Гаврил Бубевски. Значи прв со кого исконтактирал е републикиот јавен обвинител. Ова е според истражителите. Доколку не е точно, однапред се извинувам да не се најдам пред судови, но така ми кажаа истражителите – рече Русковска во Топ Тема на Телма.

Таа рече дека нема комуникација со Јовески откако почнала постапката против неа.

Во врска со кривичната пријава која Муареми ја поднел против неа, Русковска очекува дека нема да се одлучи по предметот додека трае дисциплинската постапка против неа.

-Јас отворено му реков на Гаврил Бубевски, доколку сметате дека сум направила кривично дело поднесете обвинение. Или донесете решение за затворање на предметот. Не се мешам тоа е нивна одлука, но недозволиво е по толку време да нема одлука. Се води кривича постапка против мене и ако сакам да излезам од државата, може да ме уапсат и да кажат дека сакам да бега. Не можам на викенд некаде да отидам – рече таа.

Русковска: Фетаи пред време полагаше правосуден испит со дозвола на Михајло Маневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе