Вести Свет

Осудени родителите на Коста Кецмановиќ, момчето кое уби десет ученици и вработен во основно училиште во Белград

Вишиот суд во Белград ги осуди родителите на Коста К., момчето кое на 3 мај 2023 година уби девет ученици и еден обезбедувач на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

Владимир Кецмановиќ e осуден на 14 години и шест месеци затвор за кривично дело занемарување и злоставување на малолетно лице и тешко кривично дело против јавната безбедност, додека Миљана Кецмановиќ e осудена на две години и 11 месеци затвор за кривично дело занемарување и злоставување на малолетно лице.

Ова е втора првостепена пресуда, на која обвинителството и одбраната имаат право да се жалат до Апелациониот суд во Белград.

На 3 мај 2023 година, 13 годишниот Коста Кецмановиќ  пукаше кон учениците и вработените во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и уби десет лица — девет ученици и еден чувар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приведен е Илчо Ѓорѓиевски, поранешен претседател на ФФМ

Дејан Дејан

Украина го изврши најголемиот напад врз Москва во последните две години

Дејан Дејан

Утре во Швајцарија започнуваат разговорите меѓу САД и Иран со медијаторите Пакистан и Катар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе