Вести Македонија

ЕП: Идентитетот надвор од пристапување – историската комисија да постигне резултати

Идентитетските теми, билатералните однос, странското влијание, судството и корупцијата, малцинските права, животната средина, се темите кои претрпеа измени и дополнувања во конечната верзија на Извештајот за Македонија во Европскиот парламент на известувачот, Томас Вајц. Барањето за уставни измени останува константа и во конечната верзија.

Идентитските теми во Извештајот за Македонија се издвојуваат од пристапниот процес со наведување дека јазичниот, културниот и националниот идентитет се вистинска основа на секоја земја, дека не треба да се доведуваат во прашање од трети страни и не треба да влијаат на процесот на пристапување во ЕУ.

„Со оглед на тоа што, особено во сложени историски контексти, прашањата за јазикот, идентитетот и културата се по природа чувствителни; со оглед на тоа што додавањето на вакви прашања во дискусиите за проширување ризикува да го комплицира и политизира процесот на пристапување на земјите-кандидатки и затоа треба да се решава со воздржаност и одговорност, на начин што ќе го зачува интегритетот на политиката за проширување на ЕУ“, се наведува во Извештајот.

Но ако ЕП ги издвојува идентитетските теми од процесот на пристапување, тоа не го прави со историските теми. Извештајот признава постоењето на различни толкувања во врска со историските карактеристики на македонското општество, но се бараат конкретни резултати од историската комисија меѓу Бугарија и Македонија.

„Да постигне јасни и опипливи резултати; нагласува дека текстовите треба да го одразуваат толкувањето на историските факти и личности од заедничката историја на двата народа врз основа на објективни, автентични и засновани на докази историски извори и документи, научно толкување и историски настани, како што е предвидено во вториот протокол кон Договорот со Бугарија“, се наведува во точка 74 од Извештајот за Македонија.

Се бара и да не се уништуваат бугарски историски споменици и натписи во Македонија.
За билатералнитре спорови, се бара да се решаваат преку отворен дијалог и да не се користат за блокирање на политиките за проширување на Унијата. За билатералните теми се бара да не се инструментализираат во процесот на пристапување.

Во Извештајот се реферира и на странско влијаени во Македонија од страна на Србија, Кина и Русија, а се бара и отворање на архивите на тајните служби од времето на Југославија. Во делот на владеењето на правото освен бавната реформа на судството и проблемот со корупцијата во нацрт-верзијата, во конечната се изразува загриженост од Кривичниот законик со скратување рокови, намалување на казните, со создавање на чуство на неказнивост на високопрофилирани политичари, а се бара и јакнење на напорите за спречување на перење пари и засилени напори за борба со организираниот криминал.

Во делот за правата на малцинствата, во контекст на укинувањето на квотите, се наведува дека администрацијата треба да го одразува мултиетнички состав на земјата, а од властите се бара брзо да го решат прашањето за употребата на албанскиот јазик за државните испити во согласност со Охрискиот договор и да не ги прикажува студентските протести како политички мотивирани или како дестабилизирачки фактор. Во делот на животната средина се бара ургентно решавање на квалитетот на воздухот и водата, при што загадувањето на водухот во урабаните средини, се поврзува со согорување на јаглен и порозиводство на цемент. Се повикува Македонија и целосно да ги усогласи и ефикасно да ги спроведе Директивите на ЕУ за проценка на влијанието врз животната средина поврзано со проектите за малите хидроцентрали.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Meциновиќ: Постои ли стратегија за домовување со оглед што 300 илјади станови се празни, а повеќето од младите се под кирија?

Tea Dimkovska

Мицкоски смета дека опозицијата има “уплав од избори“ – СДСМ е на став дека кога владата ќе снема пари тогаш човекот ќе оди на избори

Tea Dimkovska

Поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски се сомничи за финансиска штета од 2,5 милиони евра

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе