Вести Македонија Топ вести

Мицкоски смета дека опозицијата има “уплав од избори“ – СДСМ е на став дека кога владата ќе снема пари тогаш човекот ќе оди на избори

Кој се плаши од избори? Дали навистина сите ги посакуваат или само декларативно ги бараат? Власта и опозицијата со денови си испраќаат јавни пораки дека се подготвени за ново изборно соочување, но чекаат другиот да го повлече првиот потег.

„Уплав имаат од избори. Кога ќе им спомнеш избори, уплав ги фаќа. Држат прес-конференции, лажат, манипулираат, се силат. Па ќе ги слушнете како ќе речат дека биле реконструирани, дека нови млади сили им се приближувале, се приклучувале, а кога ќе им спомнеш избори, одма држат прес-конференции исплашени, бледи како крпа“ , изјави Христијан Мицкоски, премиер.

„Не, ние нема да му бидеме алиби на премиерот за предвремени избори. Ние кажавме дека избори ќе има кога ќе снема пари, а пари има сè помалку. И оттаму мислиме дека премиерот така ќе ја прави стратегијата за закажување на следните избори. Едноставно нема да има пари да издржи оваа влада до 2028-ма година. Ние не сме уплашливи за да не бега и да не бара некаков изговор. Кога ќе снема пари, тогаш ќе иде човекот на избори“, посочи  Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Она што е извесно е дека од утре почнуваат сериозни разговори за владина реконструкција. На синоќешната прослава на партискиот роденден, премиерот најави промени поради забележани слабости во работата на одредени министри.Пред партиското членство кажа дека дел од функционерите се одвоиле од граѓаните и станале недостапни и им порача дека секој што смета дека не може да продолжи со истото темпо треба чесно да се повлече. Тој самиот, пак, „нема да толерира занес во привилегиите што ги нуди власта„.

Министерот за социјална политика, чија позиција е разнишана откако се оддалечи од партијата која го стави на оваа позиција, денеска изјави дека не е важно кој ќе биде министер туку што сработил.
Тонско Фатмир Лимани, министер за социјална политика.

„Колку биле и колку прошле и колку ќе има министри овде, сè ќе зависи која трага оставивме ние во овие сали и во тие министерства што сме“,  рече Фатмир Лимани, министер за социјална политика.

Првите состаноци со коалиционите партнери од ЗНАМ и од ВРЕДИ се закажани за утре и задутре. Копретседателите Меџити и Касами се подготвени за нови имиња и рокади на министерства, додека од ЗНАМ не сакаат промени во нивните ресори.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Meциновиќ: Постои ли стратегија за домовување со оглед што 300 илјади станови се празни, а повеќето од младите се под кирија?

Tea Dimkovska

ЕП: Идентитетот надвор од пристапување – историската комисија да постигне резултати

Tea Dimkovska

Поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски се сомничи за финансиска штета од 2,5 милиони евра

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе