Вести Македонија Најважни

Поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски се сомничи за финансиска штета од 2,5 милиони евра

Нови сомнежи за милионски злоупотреби во македонскиот фудбал. Во акција на Обвинителството за организиран криминал и Финансиската полиција приведен е поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, како дел од истрага за наводни финансиски малверзации. Според Фудбалската федерација, штетата што се истражува надминува 2,5 милиони евра, под истрага е и Младеновска која тогаш ракводела со фиансии во ФФМ. Процесуриањето на Ѓорѓиоски доаѓа неспоредно по апсењето на неговито следбник на функцијата Сејдини.

Илчо Ѓоргиоски, поранешниот претседател на ФФМ е приведен во акција на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во координација со МВР и Финансиската полиција. Ѓорѓиоски заедно со уште неколку лица се гони за финансиски малверзации додека беше прв човек на ФФМ. Акцијата се спроведува на повеќе локации низ Скопје.

„Акцијата е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за Фудбалската федерација на Македонија спроведена од истражителите на Истражниот центар при ОЈО ГОКК и Управата за финансиска полиција. Повеќе информации за предметот ќе бидат соопштени во текот на денот по завршување на дејствијата што се преземаат“, соопштуваат од ОЈО ГОКК.

Со сличен одговор за акцијата и министерот Панче Тошковски. Според информации на Телма акцијата е поврзана со кривичната пријава против Ѓоргиоски поднесена 2020 година, а по пријава од ФФМ. Од куќата на фудбалот велат дека според документацијата доставена до надлежните институции, вкупната штета од јануари 2015 година до крајот на 2019 година која и била нансена на ФФМ изнесува повеќе од 2,5 милиони евра.

„Во изминатиот период ФФМ немаше повратни информации за текот на постапката и евентуалното постапување по предметот. На крајот на 2025 година од Федерацијата беше побарана дополнителна документација, која во целост беше доставена до надлежното обвинителство на почетокот на 2026 година. Истовремено, со официјален допис повторно беше укажано на висината на утврдената штета и беа доставени дополнителни релевантни информации“, информираат од ФФМ.

Кривичната пријава беше поднесена против 11 физички и 14 правни лица. На разговор, како што дознава Телма е повикана и Олгица Младеновска, која беше дел од првичната пријава и беше задолжена за финансиии за време на мандатот на Ѓорѓиоски. Тој ја извршуваше функцијата од 2012 до 2018 година. И неговиот наследник на функцијата Муамед Сејдини исто така беше приведен пред два месеци и се сомничи за проневера на околу 700.000 евра, средства доделени од УЕФА на ФФМ за поддршка и изградба на трибина во Охрид.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Meциновиќ: Постои ли стратегија за домовување со оглед што 300 илјади станови се празни, а повеќето од младите се под кирија?

Tea Dimkovska

ЕП: Идентитетот надвор од пристапување – историската комисија да постигне резултати

Tea Dimkovska

Мицкоски смета дека опозицијата има “уплав од избори“ – СДСМ е на став дека кога владата ќе снема пари тогаш човекот ќе оди на избори

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе