Вести Економија

Нова еврообврзница- Дали инвеститорите ќе и простат на Македонија за киксот со Тупанчевски

Нова шанса за еврообрзницата. Откако претходната беше повлечена, од финансии соопшуваат дека денеска се одржува нова аукција за деветата по ред еврообвзница. Во дописот не е прецизирано колку пари ќе се бараат овој пат.

Иако, дел од експертите за повлекување на претходната еврообврзница предупредија  дека со тоа се праќа лош сигнал до инвеститорите, од финансии очекуваат аукција да биде успешна.

-Агентите и потенцијалните инвеститори се известени, а според изразениот интерес кај инвеститорите се очекува успешна аукција.  Сумата на која ќе биде запишана еврообврзницата ќе зависи од постигнатата цена на пазарот, а во насока на нашите заложби за задржување на најоптимално должничко портфолио според трошоци и рочност, се вели во допсиот од финансии, соопштија од МФ.

Новата аукција следи откако пред извесно време претходната еврообврзница се повлече поради технички проблеми, односно недостасуваше потпис од министерот за правда кој  си поднесе оставка.

Па, од финансии соопштија дека откако ќе биде поставен нов министер, повторно ќе почне процесот на издавањето. Дел од експертите ваквиот потег на финансии го оценија како несериозен.

Но, се надеваат дека и покрај тоа инвеститорите ќе се јават на аукцијата, а задолжувањето нема да не чини многу поскапо.

Станува збор за преседани кои не се добри и ваква пракса ретко се случува на пазарите. Не може да се ослободиме од грешката при емисијата. Да се надеваме дека сепак инвеститорите ќе имаат разбирање, иако треба да се знае дека се претпазливи и плашливи и секоја ваква состојба ги води кон намалување на позитивната перцепција. И може да има помал интерес, но и повисока стапка на принос која за нас ќе значи повисока камата, вели Зоран Ивановски- финансиски аналитичар

Експертите сметаат дека има и други опции една земја да ги обезбеди потребните пари.

-Тоа се странски инвестиции или еквити капиталот за да не се оди директно на еврообврзници, објаснува Ивановски.

Финансии во февруари издаде четиригодишна еврообврзница  во висина од 600 милиони евра, со каматна стапка од 6,5 проценти.

Планот беше со најголем дел од парите, да се вратат старите долгови кои доспеваат.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе