Вести Економија Најважни

Ќе се замрзнат ли цените на млекото и тестенините- инспекции ги чешлале маркетите дали продаваат леб по 33 денари

Во министерството за економија во моментов се прават анализи за замрзнување на цените на тестенините и некои од млечните производи, односно оние кои се опфатени со одлукатата за ограничената  маржа.

Се уште е неизвесно дали утре на владина седница ќе се даде ваков предлог. Доколку се случи тоа, како кај лебот, цените би се замрзнале и кај трајното крајво млеко со масленост од 2, 8 , 3, 2 и 3, 5 отсто и кај шпагетите и  макароните.

Претходно Владата  ја замрзна цената за белиот и полубелиот леб, сецкан и цел, на 33 денари. Ваквата мерка ќе важи до крајот на мај.

Се укинува и субвенционираната струја за фирмите. Ќе имаат можност да ја користата до 1 април, а потоа ќе треба да се префрлат на отворен пазар.

На ваквата одлука реагираа од мелничко – пекарскиот сектор од каде првично ги повлекоа од продажба овие типови на леб.

Откако им беше наложено со одлука на Влада повторно да ги испорачуваат во маркетите, од таму изјавија дека ќе го има во продажба, но тие ќе ја тужат државата и ќе бараат отштета од 4,5 милиони евра.

Одлуката за воведување на ваквите мерки доаѓа откако дел од прехрамбените компании ја користеа евтината струја но не ги намалија цените, а тие пак тврдат дека не е само струјата проблем туку дека проблем се и високите цени на суровините и скапата работна сила.

Пазарната инспекција во саботата на терен низ Македонија вршела увид дали пекарите доставувале леб во маркетите и дали се почитува одлуката тој да се продава по цена од 33 денари.

Колку фирми не ја испочитувале владината одлука, ќе се знае денеска велат за Телма инспекторите.

Оние кои ќе го продаваат белиот и полубелиот леб поскап од 33 денари ќе се соочат со високи казни и тоа од 500 до 10.000 евра по правен субјект или од 50 до 500 евра за одговорното лице.

Државниот пазарен инспекторат веќе казни 4 фирми кои продавале леб поскап од утврдената маржа со парични казни од над 300 000 денари.

Владата во вторникот донесе одлука да ја замрзне цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, а како што велат целта е да им помогнат на граѓаните… Потегот не го поддржаа пекарите.

Тврдат дека загубите од замрзнатата цена се големи, и најавија тужба за државата. Правните експерти за Телма велат дека пекарите немаат основ за тужба, затоа што со непочитување на владина одлука во услови на криза, тие го нарушуваат законот за заштита на конкуренцијата и се однесуваат како картели.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе