Вести Економија

Леб има и се продава по 33 денари, тврди директорот на Пазарниот инспекторат

Директорот на пазарниот инспекторат, Горан Трајковски, на својот Фејсбук профил напиша дека леб има и се продава по 33 денари. Тој нагласи дека инспекторите се на терен и додаде дека дополнително ќе се замрзнуваат цени и на други производи.

Вчера тој исто така објави дека ако се утврди прекршување на Одлуките ќе следат казни во согласност со Законот за трговија.

Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10.000 евра, затоа апелирам да се почитуваат Одлуките, а ние како институција и понатаму сме на терен да ја следиме состојбата и да постапиме при евентуални прекршувања на законските одредби!  Граѓаните не смеат да трпат заради туѓи лични интереси! Мерките се насочени кон тоа да им се олесни состојбата на граѓаните во ваков кризен период и нивната злоупотреба е апсолутно недозволива. Кризата не е време за мислење само на себе и на профит, туку потребно е да имаме разбирање едни кон други, да помагаме и да бидеме солидарни, објави вчера Трајковски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе