Вести Економија Македонија

Макпетрол: Цената на гасот за март ќе се намали за 11% во однос на цената за февруари

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на  природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец март ќе се намали за 11% за мегават час, во однос на цената за месец февруари оваа година.

Воедно, од компанијата информираат дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на Макпетрол се намалува за 7,5 денари за килограм, во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 82,5 денари за килограм, односно новата цена ќе биде 75 денари за килограм или 53,1 денари за литар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕК обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за Mакедонија

Дејан Дејан

Популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и ова лето затворена за туристи

Дејан Дејан

Јокиќ МВП по трет пат во НБА лигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе