Вести Економија Најважни

ЕСМ ќе набавува гас од „Макпетрол“ за март – компанијата со најповолна цена на тендерот

Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ќе набавува гас од „Макептрол“ за месец март, бидејќи домашната компанија на тендерот, понуди најповолна цена од 60,10 евра по мегават час без ДДВ. Станува збор за количини од 1.200 до 2.300 мегават часа гас дневно кои се наменети за потребите на топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за стопанските субјекти кои се снабдуваат преку ЕСМ продажба. На тендерот, покрај „Макпетрол“, се јавија и бугарските копании „Балкан Јутилитис“ и „Акта ЕЛ“

Од „Макпетрол“, пак, соопштија дека како општествено одговорна компанија се јави на тендерот на ЕСМ Продажба заради заштита на државниот Буџет, кој со последните два тендера за набавка на гас за јануари и февруари беше оштетен од државната компанија ЕСМ, бидејќи беа склучени договори поради кои државата во овие два месеца плаќаше за овој енергенс и до 70 отсто повисока цена од берзанската.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе