Вести Економија

Азески: Неизвеснота го убива бизнисот, а честото менување на законите ги докрајчува

Неизвеснота го убива бизнисот, а честото менување на законите ги докрајчува. Првиот човек на најголемата комора во земјава, Азески во својата  најнова колумна повторно ги  опишува проблемите за кои стопанството долго време алармира. Вели,  наместо да се насочат кон работата, да го  зголемат  извозот , продуктивноста, тие се  растрчани  да спречат  носење на  закони,  кои само може да им  го отежнат работењето.

  • Може ли во таква ситуација да се мисли на развојот и инвестициите? Во исто време те растрчуваат од лево на десно, напред- назад, кон промени на Законот за работни односи, регулативата за одобрување на работни дозволи, солидарниот данок, двојазични декларации, ограничени маржи, и сето тоа зачинето со блокади на Собранието, кое како да стана национална дисциплина,напиша Азески.

Во колумната Азески јасно посочува дека сите очекувања на бизнисот се исчезнати. Не е оптимтист дека промени ќе има. Сигнали за  излез нема, а економијата  и натаму ќе тапка во место.

  • Ние бизнисмените имаме еден избор. Тоа е упорноста, упорноста и упорноста. Следејќи ги прогнозите за економскиот раст на државата во текот на идната година, сигурни сме само во едно – дека тој неколку пати ќе биде ревидиран. А тоа значи тапкање во место, вели Азески во колумната.

Пред извесно време Азекси на годишнината на Владата излезе со пет прашања кои го засегаат бизнсиот, но тогаш одговроот од премиерто Ковачевски беше дека бизнисот има право да прашува.  Во изминатиот период,  државата донесе неколку законски решенија за кои стопанствениците реагираа  дека се носат  без да бидат консулитарни.  И пред извесно време и забележаа на Владата дека  треба повеќе да ги слуша нивните предлози.  А средбите кои ги имаат да не се сведуваат само на соопштенија од прес службите,  во кои ќе биде потенцирано дека имале состанок и притоа ништо во однос  на проблемот за кои зборувале, да не се промени. Постојано апелираат и да се почитува даночниот календар.

Ирена Чачкова

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе