Вести Македонија

Фотоволтаична централа ќе го спасува здравјето на жителите на Пробиштип

Фотоволтаична централа ќе го спасува здравјето на пробиштипјани. Старото хидројаловиште, кое е на влезот на градот и претставува една од жешките еколошки точки во земјава ќе се санира напролет. Во оваа  старо хидројаловиште, натрупан е отпадот по прарботката на рудата од  рудникот за олово и цинк Злетово. Токму прашината која се крева од него, но и загадувањео на почвата и подземните води се неколку децениска закана за здравјето на граѓаните на рударски Пробиштип. Изработена е нова проектна документација која предвидува санација, а при крај се и постапките во делот на урбанизацијата.

– Има два модели на решавање на јаловиштето. Она  кое што беше наша идеја, како општина Пробиштип, е најнапред да се влезе во санација на самата површина на јаловишната депонија, да се реши еколошкиот проблем, а потоа да се влезе во втора фаза за поставување на фотоволтаици или фотоволтаична централа. Тоа е проект кој што Пробиштип ќе го направи не само редок во Македонија, туку и на Балканот, како на едно жариште на болести, на една јаловишна депонија имаме обновиливи извори на енергија, вели градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов. градоначалник на Пробиштип

Пробиштипскиот градоначалник вели дека бенефит ќе има општината и потенцијалните инвеститори, но најмногу  граѓаните кои со години наназад се изложени на штетното влијание на прашината од тешките метали.

– Она кое што беше за мене како градоначалник и за моите соработници приоритет, да конечно Пробиштип таа еколошка бомба или еколошка катастрофа ја надмине и никогаш повеќе граѓаните да не бидат сведоци ниту на таа оловна прашина која се крева со самите ветрови, ниту да дозволиме загадување на почвата од атмосферските води, додава Анастасов.

Локалните власти на Пробиштип со години бараат начин како да се реши оваа жешка еколошка точка, имаше идеја пред сесетина години  оваа јаловишна депонија, која е и секундарен рудник да се понуди на странски компании за експлоатација на метали од хидројаловиштето, кои поради застарената технологија завршиле како отпад.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори

Дејан Дејан

Блинкен во ненајавена посета на Киев да му порача на Зеленски дека помошта доаѓа

Дејан Дејан

Анкета на ИРИ: Силна поддршка за членството во ЕУ за земјите од Западен Балкан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе