Вести Економија Македонија

Бектеши денеска ќе пресече дали ТЕЦ Неготино ќе работи или не

Цената на струјата од ТЕЦ Неготино,  приближно иста со берзанската.

Според информациите просечната цена по која централата ја произведува електричната енергија е околу 164 евра за мегават час.

На  Хупекс берзата просечната за јануари е околу 150, додека за овој месец 157 евра за мегават час.

Министерот Бектеши  вети дека уште денеска ќе го барал раководството во ЕСМ за да му ги достават извештаите, кои треба да покажат дали ТЕЦ Неготино  е исплатливо да работи или пак ќе се исклучи.

Инаку по која цена ќе се испорачува струјата на ТЕЦ Неготино зависи од тоа како се движи цената на мазутот.

„Значи ако ЕСМ достави податоци дека цената од ТЕЦ Неготино моментално е повисока од увезената, насоката на Владата ќе биде да се исклучи и да се увезува струја која ќе биде поевтина. Немаме добиено такви податоци, денеска ќе го прашаме раководството на ЕСМ и по истите податоци ќе постапиме“ вели Крешник Бектеши, министер за економија

Но, што велат испитувањата  за тоа какво е влијанието на согорувањрто на мазутот во централата  за Неготино и околината?

Од инспекторатот за животна средина тврдат  дека се направени повеќе испитувања  и за сите аномалии известена е животна средина.

„Побарана е измена на  интегрираната еколошка  дозвола во делот на мониторингот. Се правата мерења вие знаете дека кај сите вакви стари инслатации има надминување на граничните вредности во однс на емисиите на прашина и азотни оксиди“ вели Сретен Стојковски, директор на инспекторат за животна средина.

Инаку ТЕЦ Неготино од крајот на минатата година работи со двата котли. Мазутот ЕСМ го купуваше од РКМ, на Ратко Капушевски, поранешен функционер од ВМРО ДПМНЕ.

До сега од него обезбедени се 150 илјади тони мазут.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе