Вести Економија Најважни

Ако не поевтини храната ќе се укине евтината струја која се користи веќе трет месец

Ако не ги намалат цените може да останат без субвенцинираната струја. Министерот Бектеши со последна опомена до производствените компании. Ќе чека до крајот на месецов да ги добие извештаите кои треба да покажат дали, и за колку фирмите ги поевтиниле производите, откако користат поевтина субвенцинирана струја. Оние кај кои ќе се покаже дека не го сториле тоа,  може да останат без оваа поволност. Инаку, со месеци компаниите скапата електрична енергија ја  споменуваа како причина за поскапувањето на производите. Бараа да им се помогне со цел да ги намалат торшоците за производство, што дирекно ќе се одрази на крајните цени.

Ако не се намалат на процентотот кој е договорен и согласно очекувањата на потрпшувачите тие пари ќе им ги дадеме на граѓаните преку различни мерки. Може и за тие компании кои не ги намалиле цените, значи може селективно да не важи мерката а тие што ги намалиле за тие да продолжи да трае до крајот на април, вели Бектеши.

Поевтината струја, дел од фирмите ја добија од први декември лани. Според денешната презентација на надлежните состојбата во енергетиката била стабилна, производството растело. Но  и поркај тоа кризната а состојба ќе остане. Проблемите кои се јавиле само во неделата биле поради  нагло опаѓање на темературите и згоемувањето на потрошувачката. Тогаш ЕСМ бил принуден да влече од европската мрежа.

За во неделата во владиното соопштение стои дека ЕСМ со сопствено производство ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, но и на институциите кои се дополнително приклучени.

Од средината на годинава ДДВ за струја треба да се врати на 18 отсто. Надлежните уверуваат, се разгледува опцијата да остане на 10 проценти, а се анализа и можноста да се врати евтината дневна тарифа.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе