Вести Економија

Пазарен испекторат проверува дали маржите се ограничени, кој проверува колкави се цените кои ги плаќаат граѓаните?

Во државата нема институција, инспекција или тело кое е надлежно да ги следи цените на  производите во маркетите, и тоа не само прхрамбените,  дали поефтинуваат согласно владините одредби и најави или зошто и по кој основ поскапуваат. Од Владата цврсто на ставот прехрамбените производи поефтинуваат, граѓаните кои плаќаат тврдат, цените растат.

Државниот пазарен инспекторат е надлежен само контрола на маржите кои треба да бидат ограничени од 5 до 10 отсто и тоа на продуктите кои се опфатени со одлуката на Владата односно леб, шеќер, масло за готвење и млечни производи, соопшти Горан Трајковски директорот на инспекторат на денешниот брифинг.

За сите останатите продукти кои се неопходни за граѓаните како средства за хигиена, детергенти, месо и сувомесно остануваат правилата на слободен пазар соопшти тој.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека очекува трендот на намалување на цените на домашните производители да продолжи а пазарниот инспекторат е надлежен за се што подлежи под Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите

А во меѓувреме Народна Банка ги зголеми каматите на благајничките записи  за дополнителни  половина процентен поен и сега изнесуваат 5,25 отсто. Каматните стапки стапуваат на сила на 15 овој месец а тоа ќе влијае врз каматите на банкарските кредити на граѓаните и интерните трошци што дополнително ќе се одрази на платежната способност на граѓаните.

Според Народна Банка зголемувањето е мерка со која треба да се намали притисокот од инфлацијата која во моментов е речиси 19 отсто.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе