Вести Економија Македонија

Горд кичевец, но Бектеши нема ништо против ветерниците во заштитна зона на Студенчица

Горд на жителството од Кичево, ама Бектеши како министер за економија вели нема надлежност за заштитните зони на изворот Студенчица кои се сменети на владина седница со одлука да се дозволи изградба на масивен ветерен парк во зоната за заштита.

За водите треба да се грижи министерството за здравство, рече Бектеши откако КОД во неделата објави дека сега е овозможено и енергетски постројки да се градат во заштитната зона на Студенчица, извор од кој пивка вода добиваат над 180 илјади луѓе во Кичево, Прилеп, Крушево и околните општини.

-Тоа секако дека е образложено од министерството за здравство, дека нема потенцијален ризик за водите и слично. Затоа се изменети координатите на зонирањето за заштита на одредени подрачја. Интерес на министерството за економија е секогаш да се градат енергетски капацитети, но ние не утврдуваме која е е заштитна зона, која не е заштитна зона, истакна Крешник Бектеши, министер за економија.

Само неколку дена откако е сменета одлуката на влада, Министерство за транспорт како надлежно пратило допис до општина Кичево за да се изјасни за проект од 6 ветерници за кои ќе треба да се гради и пат низ заштитните зони за да се пренесе тешка механизација и над 1000 тони материјал и масло за подмачкување.

Животна средина ја одобрила измената и исто така во денешниот одговор тврди надлежно е министерството за здравство.

ОДГОВОР ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ

Одлука за определување на заштитни зони за заштита на водите на водозафатниот објект извор „Студенчица“ (Сл. Весник на РСМ бр.7 од 13.01.2023 година)  е донесена согласно Елаборатот за ажурирање на границите на заштитни зони на изворот „Студенчица” и определување на мерки за заштита, изработен од Градежниот Институт на Македонија и Институтот за јавно здравје.  Границите на заштитните зони и заштитните мерки се одредуваат со елаборат кој е изготвен од овластено стручно правно лице, чие овластување го издава Министерството за здравство.

Од здравство не одговорија на нашите прашања, додека професорот Кочубовски од Институтот за јавно здравје уверуваше дека ветерниците нема да предизвикаат никаков негативен ефект врз изворот. Општината Кичево има рок до средина на февруари да се изјасни дали прифаќа ветерници во заштитената зона на Студенчица, откако владата се согласи и дозволи таков бизнис потег.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе