Вести Економија

Македонија бара пари за четиригодишна еврообврзница

Македонија денеска се претставува пред инвеститорите за нова еврообврзница. На таканаречениот повик за инвеститори земјава ќе ја претстават министерот за финансии Фатмир Бесими, Дејан Николовски, државен советник за јавен долг, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска. Се бараат пари за четиригодишна еврообврзница, дознава „Блумберг Адрија“.

Претставувањето ќе биде денеска, во периодот од 14 до 15 часот, а понудата е еврообврзницата да котира на Лондонската берза во зависност од пазарните услови. Според информациите, Дојче банк ја координира маркетинг-логистиката, а целен пазар се само квалификувани договорни страни и професионални клиенти.

Инаку, Владата на седница ја усвоила Информацијата за продолжување на постапката за потенцијално задолжување на државата на меѓународниот пазар во 2023 година. Од Министерството објаснија дека станува збор за документ што е во насока на продолжување на процесот што беше предвиден, а не се реализира во 2022 година поради неповолната состојба на меѓународниот пазар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе