Вести Економија

Кои патишта во должина од 120 км за почеток ќе ги гради “Енка и Бехтел”

Договорот за надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор 8 и Коридор 10-Д денеска  е потпишан со компанијата „IRD ENGINEERING“ која е избрана за надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор 8 и Коридор 10-Д.

Со потпишувањето на овој Договор, отпочнуваат активностите за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 за автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа-Струга- Ќафасан и на Коридорот 10-Д за делницата на автопатот Прилеп-Битола.

„Изградбата на автопатските делници на Коридорите 8 и 10 е од клучно значење за подигнување на нивото на квалитетот на патната инфраструктура и сообраќај, со што уште повеќе ќе ја истакнеме гео-стратешката позиција на Република Северна Македонија, која, преку овие проекти ќе стане неизбежна транспортна рута од значење за регионот, но и пошироко“, истакна премиерот Димитар Ковачевски.

Првиот вицепремиер  и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби посочи дека ова е најголемиот капитален проект.

“Ќе биде многу значаен за сите наши граѓани, за целата наша економија и за регионалното поврзување“, рече вицепремиерот Груби, додавајќи дека веќе е закажана седница на Управувачкиот комитет, каде што ќе се донесе одлуката за да почнат преговорите помеѓу избраниот консултант и надзор ИРД и конзорциумот „Бехтел“ и „Енка“, кој што ќе ги гради двата Коридора 8 и 10-Д.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, посочи дека инфраструктурата е врвен приоритет на оваа Влада.

„Од денеска па во наредниот период, работната група во соработка со консултантот, кој истовремено е и надзор, ќе го започнат преговарачкиот процес со изведувачот „Бехтел“ и „Енка“ со цел да се постигне квалитетен договор за изградба на преку 120 километри нови автопатски делници на Коридор 8 и Коридор 10-Д. Веќе напролет очекуваме да ја почнеме силната градежна офанзива за изградба на западниот дел на Коридор 8“, рече министерот Бочварски.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми од македонска страна го потпиша Договорот за надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор 8 и Коридор 10 Д со Група на „IRD INGINEERING Srl“, од Италија.

„По потпишување на Договорот за градежни работи на автопатските делници ќе започне втората фаза од Договорот со вршење на стручен надзор над имплементацијата на четирите делници и тоа: изградба на автопат Тетово – Гостивар; изградба на автопат Гостивар – Букојчани; изградба на автопат Требениште – Струга – Ќафасан и изградба на автопат Прилеп – Битола“, рече директорот Рустеми.

„ИРД Инженеринг се присутни во Македонија за инженерски услуги во последниве 20 години. Една од нашите конкурентски предности е и ќе биде нашето локално присуство со комбинација на меѓународно искуство и експертиза. Заедно со нашите локални партнери во овој проект ние ќе ги вложиме сите потребни напори за да ги изградиме 4-те делници со највисок стандард и квалитет којшто одговараат на квалитетот на патиштата кои се градат во ЕУ“,  потенцираше директорот на „IRD Engeineering“, Паоло Орсини.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе