Вести Економија Најважни

На една просечна плата и недостасува една минимална за да се покрие потрошувачката кошничка

Со една просечна и една минимална плата во земјава, одвај може да се наполни потрошувачката кошница. За една година таа е потешка за околу 20 илјади денари. Тоа се пари за храна, пијалоци, сметки… Според последните податоци на статистика, просечната нето плата во земјава е нешто на 33.000 денари, минималната 18.000, а месечната потрошувачката кошница надминува 50 илјади денари. Од ССМ за Телма велат дека освен што треба да се работи на зголемување на платите, мора да се стопира и растот на цените. Инфлацијата е висока, а очекувањата се дека ќе биде двоцифрена и оваа година. Од друга страна пак сѐ уште е висока бројката на работници кои земаат минималец, но и на оние кои не добиваат просечна плата.

Тука се прашуваме, колку во државата земаат просечна плата од 33.011,00 денари. Кога ќе се погледне соопштението од ДЗС реално во  повеќето сектори просечната плата  е од 22.000,00 до 25.000,00 денари, освен еден мал дел на одредени сектори каде платата е енормно висока и е над просечната нето плата, а да не зборуваме дека во нашата држава околу 90. 000 вработени добиваат минимална плата. Тоа би значело дека македонскиот работник е се посиромашен, особено ако имаме во предвид дека денес, три минимални плати не ја покриваат минималната потрошувачка на едно четиричлено семејно домаќинство, се вели во дописот од ССМ.

Се потешко оди исплатата на платите. Според податоците на УЈП, заклучно со 20 јануари за последните два месеци од претходната година, близу 68.000 работници не земале плата. Од УЈП велат дека за неисплатени плати веќе се доставени и опомени.

За неплатените МПИН пресметки за месеците октомври и ноември 2022 година веќе се доставени опомени за плаќање на долгот, кои УЈП ги доставува веднаш по истекот на рокот за плаќање. За сите оние работодавачи кај кои не се евидентирани уплати по доставените опомени, УЈП спроведува присилна наплата на парични средства со доставување решенија за блокада до деловните банки, се вели во дописот на УЈП.

Спорес последните податоци на статистиката, најниска просечна нето плата во земјава е исплатена во кожарската, текстилната и дрвната индустрија. Највисоки се пак во компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, во воздухопловен транспорт, производство на основни фармацевтски производи и препарати, и во финансиски и услужни дејности.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Власта и опозицијата со пораки за продолжување на аманетот на Гоце Делчев и за гласање на парламентарните избори, на 121- годишнина од смртта на Гоце Делчев

Дејан Дејан

Тројца грабнале скопјанец го тепале и уценувале, меѓу нив и еден полицаец

Дејан Дејан

По речиси една година мостот Беласица целосно пуштен за сообраќај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе