Емисии Код

КОД: Како ЕСМ нацрта продавач на мазут, како ЕСМ продава струја евтино

Како Македонија плива низ енергетската криза. Домашното производство задоволува, па дури има и за извоз на купувач. Зошто ЕСМ продава по пониска цена од берзанската.  

Како ЕСМ го нацрта најдобриот понудувач за илјадници тони мазут- со промена на условите на јавни повици вредни 100-тици милиони евра.

Како малата скопска фирма на Капушевски доби засилување од кичевско и Пласница за да стане најпосакуван продавач на мазут за ТЕЦ Неготино.

Енергетската криза на голема врата го врати мазутот како енергенс за производство на струја. Минатата година за ТЕЦ Неготино во два наврати се распишани јавни повици за набавка на 150 илјади тони и 190 илјади тони мазут.

КОД во изданието од 22.01.2023. ги анализира двата огласи за кои ЕСМ ги менува условитеза учество со што всушност определува која фирма увозник може да учествува во набавката. Победник на првата е РКМ на Ратко Капушевски, а фирмата има краци кои водат и кон Пласница и кичевско и кон Струмица.

Вториот јавен повик вреден над 170 милиони евра е распишан во октомври лани повторно со промена на услови за учество.

Во емисија КОД и за исплатливоста на користењето на мазут за производство на струја и за продажбата на вишокот производство на електрична енергија.

Ова издание на КОД е емитувано во недела 22.01.2023. во 19:15 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Топ тема“: На хартија мед и млеко, но како ќе се спроведат ветувањата за борбата со корупцијата?

Дејан Дејан

„Топ тема“ (14.05.2024) Опортунизам за дома, со потенцијал за изолационизам од надвор

Дејан Дејан

Топ тема (13.05.2024) Таравари оптимист за уставните измени и евроинтеграциите на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе