Вести Македонија

Туфекџиќ: Истрагата за кафеанската тепачка која прерасна во дипломатски скандал е целосно компромитирана

Истрагата за кафеанската тепачка која прерасна во дипломатски скандал е целосно компромитирана со изјавите на политичарите, а преседан е начинот на кој  кој 22 годишиот Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб Цар Борис Трети од Охрид е изнесен од државата, вели  адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ.  Пендиков е учесник во постапката ,  па додека се расчистува случајот и се прибирата докази, потребно е надлежен обвинител да даде согласност  за лицето да ја напушти државата.

-Факт е дека начинот на кој сето тоа е направено, со целосно игнорирање на македонските правосудни власти,  е опасен преседан бидејќи се работи за активна истрага, која е веќе компромитирана со политичките изјави на политичките чинители. На тој начин се отежнува работата  на јавниот обвинител, вели Владимир Туфегџиќ, адвокат.

Пендиков во организација на бугарските власти вчера беше транспортиран на лекување во Бугарија, иако, како што пренесоа бугарските медиуми, тешките телесни повреди од тепачката во кафуле во Охрид, не му предизвикаа живото загрозувачка состојба. Пред еден месец полицијата го фати со дрога и му поднесе кривична пријава, поради што и за овој случај е направен преседан затоа што ја напуштил државата.

-Лицето е осоминичено како сторител на кривично дело, но и во таа постапка, имајќи го предвид настанот кој го предизвика вниманието, не знам дали јавниот обвинител во тој контекст побарал од судот за лицето да бидат пределни мерки за обезбедување присуство токму за спроведување на оваа постапка, вели Туфегџиќ.

За кафеанската тепачка, Обвинителството отвори истрага против 24 годишен охриѓанец за тешки телесни повреди и побара притвор за него, затоа што прво му упатил навреди по национална основа, а потоа со уште две лица го претепале Пендиков. Сепак за охридската јавност кои ги познава учесниците во инцидентот, остана дилемата дали во случајот има политика или пак станува збор за криминална пресметка, а некои медиуми објавија дека и еден од тепачите е Бугарин. Политичарите од двете држави пред да заврши истрагата, го осудија настанот и го  оквалификуваа како напад од омраза кон Бугарите. Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, заедно со неговиот бугарски колега утре ќе го посетат Пендиков, кој е и осомничен за  дрога. Контроверзниот бугарски политичар и европратеник Ангел Џамбаски и овој случај  го искористи за подгревање на тензиите. Тој денеска организираше протести пред зградата на Европската комисија во Софија, а присутните побараа да прекинат преговорите на ЕУ  со Македонија.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе