Вести Македонија Најважни

Оркестриран напад врз Телма од премиерот Ковачевски и лидерот на ДУИ Ахмети – Реакција на Телевизија Телма

Владата оркестрирано истовремено преку премиерот Ковачевски и неговиот коалиционен партнер, лидерот на ДУИ, Ахмети изврши директен напад на нашиот медиум, оспорувајќи го правото на слобода на изразување, но и во време кога Телевизијата поставува прашања за кои јавноста мора да добие одговор.

Телевизија Телма секојдевно информира за теми и настани кои се од големо значење не само за демократијата во државата, туку, пред сѐ, за борбата против корупцијата и криминалот, и поставување на европски стандарди во владеењето на правото.

Телма е непристрасен медиум со независна уредувачка политика, во која работат новинари со високи професионални стандарди, а сите објавени информации од страна на телевизијата се во интерес на јавноста. Информациите се темелат на факти и докази кои се проверливи, а за кои имаме поставувано и прашања, и барања до Владата за објавување и објаснување на истите,  а за кои до денеска не сме добиле одговор.

Телевизија Телма нема намера да го негира правото на лични впечатоци и перцепции ниту на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ниту на премиерот Димитар Ковачевски. Но, бидејќи Ахмети директно не прозва како Телевизија, а со тоа ја загрози и безбедноста на нашите новинари, а премиерот Ковачевски наместо да го осуди коалициониот партнер, првин избегна да нѐ именува, но даде прецизен опис како во тендерите на некои негови владини институции, каде условите се така опишани што недостасува уште името на компанијата што ќе добие.

И на двајцата би им порачале: Жално е што од позиција на власт го воскреснувате тоа што не требаше да се повтори, етикетирање на медиуми и создавање и загрозување на слободата на изразување на медиумите.

Наместо да го осуди нападот на Ахмети врз Телма и други медиуми, премиерот Ковачевски ја осуди уредувачката политика на Телма

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пораките од Брисел се јасни: без уставни измени, земјата може многу малку да искористи од новите иницијативи

Дејан Дејан

Нормализиран сообраќајот на Плетвар по тешката сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице

Igor Trajkov

Мојсовска: Досегашниот модел на проширување на ЕУ е неодржлив, потребен е нов пристап преку „прогресивно набљудување“ и влез во заедничкиот пазар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе