Вести Македонија Топ вести

Тодоровски ги заклучи профилите на социјалните мрежи, АР одговори на прашањата дали македонски државјанин плаќа за објава на руски дезинформации

Профилите на социјалните мрежи ги затвори за оние кои не му се пријатели, иако во изминатото деноноќие откако Телма објави за Дарко Тодоровски, тој стекна многу нови Фејсбук пријатели од Македонија. Македонскиот докторанд кој е во Москва, а чие име беше спомнато од прогонетиот бугарски новинар Христо Грозев, дека плаќа по 250 евра на бугарски веб портали за да објавува руски дезинформации, уште синоќа негираше дека се занимава таква работа.

„Во 21-ви век невозможно е да се скријат банкарски трансакции“, ни одговори Тодоровски кој посочи дека имал гостувања по македонски, бугарски и српски медиуми со свои анализи за руско-украинската криза, но не ширел дезинформации на начин на кој тврдеше Грозев од Белингкет.

Од Агенцијата за разузнавање на прашањата на Телма не сакаа да коментираат за тврдењата на бугарскиот новинар по кого Русија издаде потерница.

„Активностите на Агенцијата за разузнавање (АР) за актери кои работат како дел од креатори и извршители на хибридните планови на трети држави имаат класифициран карактер. Заради ова, со цел да не создаваме погрешна перцепција во нашето општество, Агенцијата за разузнавање не може да коментира за ставовите на бугарскиот аналитичар по однос на споменатото лице од нашата држава“, се вели во одговорот на Агенцијата за разузнавање на прашањата на Телма.

Од Агенцијата наведоа дека во нивна надлежност е „собирање на сознанија за креатори и реализатори на хибридни стратегии кои се закана по националната безбедност“. Во тие хибридни активности, се користат разни алатки и proxy извршители, домашни луѓе кои ги застапуваат и промовираат ставовите и ги исполнуваат целите на таканаречените трети држави, односно држави надвор од НАТО.

„Алатка во спроведувањето на стратегиите е преку пласирање на лажни вести пропратени со пропаганда да се создаде искривена перцепција за состојби на терен и конфузија кај населението“, додаваат од АР.

Но дали вакви активносности имал и посочениот делчевец Тодоровски, Агенцијата за разузнавање не открива. На комисиска расправа за надзор на бугарските тајни служби во Парламентот во Софија, новинарот Христо Грозев го спомна Тодоровски како продавач на руски деизнформации во Бугарија, но Тодоровски во допис до Телма ги негираше наводите.

Миомир Серафиновиќ

Македонски државјанин продава лажни руски вести по бугарски медиуми, тврди прогонетиот бугарски новинар Грозев од Белингкет

Тодоровски по обвинувањата дека продава лажни вести во служба на Кремљ: Не знам од каде му е таа идеја на Грозев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Бојан Јовановски – Боки 13 побара повторување на кривичната постапка за „Рекет“

Дејан Дејан

Орпо: ЕУ треба да и помогне на Финска да го спречи протокот на мигранти низ Русија

Дејан Дејан

Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево” Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе