Вести Македонија Топ вести

Тодоровски по обвинувањата дека продава лажни вести во служба на Кремљ: Не знам од каде му е таа идеја на Грозев

Имам почит за Христо Грозев како новинар и за работата на Белингкет, но во неговите обвинувања има голем број на невистини и лаги кои лесно може да се докажат, вели Дарко Тодоровски во одговор за Телма ТВ, откако беше посочен од бугарскиот новинар Христо Грозев како новинар кој продава лажни вести и дезинформации произведени во Кремљ.

„Јас не видов никакви докази во неговите обвинувања, а за лажни обвинувања може да се одговара. Тој дури не го знае моето точно презиме. Не работам во претседателската администрација на Русија како што тој тврди. Тоа лесно може да се провери и докаже“, вели Тодоровски.

За себе вели дека студира во Москва и во моментот, како што вели, е трета година на докторски студии, насока политологија.

„Ги изучувам воените конфликти и работата на воените компании и на таа тематика пишувам и докторски труд. Со години пишувам на тие теми на својот Фејсбук профил. Да, јас сум соработувал и соработувам со различни портали, сајтови, медиуми, компании и во Македонија, и во Бугарија, и во Србија, и во Русија, но и со различни новинари и експерти од целиот свет. Околу обвинувањата дека наводно сум давал пари за ширење на лажни вести, и тоа лесно може да се провери и докаже. Слободно на увид ќе ги ставам моите банкарски сметки и трансакции доколку има потреба“, порачува Тодоровски.

Вели дека со години нема патувано во Бугарија, а во 21 век, нагласува тој, не може да се сокрие трагата на парите.

Македонски државјанин продава лажни руски вести по бугарски медиуми, тврди прогонетиот бугарски новинар Грозев од Белингкет

„Не знам од каде му е идејата дека сум давал пари за ширење на лажни вести. Три пати како новинар заедно со групи од 40 странски новинари бев дел од прес тури на министерството за одбрана на Руската Федерација во воената зона во Украина по почетокот на војната во Украина и мои текстови се имаат објавено и во Македонија и во Бугарија, плус настапи во Македонија, Србија и Бугарија“, посочува Тодоровски.

Тој потенцира дека не се крие и за зад сите текстови и анализи што ги објавил или биле објавени низ годините, како и видео настапи, стои со име и презиме и за голем дел од нив добивал хонорари.

Македонски државјанин продава лажни руски вести по бугарски медиуми, тврди прогонетиот бугарски новинар Грозев од Белингкет

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јужна Кореја го крена степенот на самоодбрана поради можните напади од страна на Северна Кореја

Дејан Дејан

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Како изгоре познатиот „Хари Потер“ замок по руските напади во Одеса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе