Вести Македонија Топ вести

Државјанин на Македонија фатен при шверц на 10.000 парчиња цигари и 9,7 литри ракија во Хрватска – ќе плати глоба над 13.000 евра

Државјанин на Македонија е фатен на граничниот премин „Товарник“ од хрватските цариници при обид за криумчарење на цигари и алкохол. Стоката била скриена во возило со швајцарски регистарски таблички.

„На граничниот премин „Товарник“, при влез во царинското подрачје на Унијата, подрачните единици на Службата за мобилни единици Осиек, издвоија за контрола приватен автомобил со швајцарски регистарски таблички со кој управувал државјанин на Северна Македонија. При деталниот преглед на возилото, во просторот за резервна гума се пронајдени 6.000 парчиња цигари „Вест Силвер“, 4.000 парчиња цигари „Жаде Ла Розе“ и 9,7 литри ракија за кои се пропишани забрани и ограничувања при увоз, а кои возачот се обидел на скришен начин да ги внесе на подрачјето на Унијата“, се наведува во соопштението на хрватската царина.

Пронајдената стока е одземена, додаваат од царината, а на возачот му е изречена казна од 13.272 евра, а пресметана и наплатена му е трошарина за цигари во износ од 1.419 евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе