Вести Економија

Таксистите одбиваат да ги намалат цените

Цените  на такси услугите во Штип нема да се намалат и покрај тоа што е поевтино горивото. Штипјани засега немаат градски превоз и затоа во изминатите години такси превозот е најкористен од страна на студентите, учениците и пенизонерите.

Стартот на такси услугата е 70 денари. Штипјани очекуваат поевтина такси услуга, но секоја компанија треба да обезбеди документација за лиценца, која чини околу 500 евра, а се плаќа и по 1.200 денари месечно на Општина Штип за користење на паркинг. Граѓаните се жалат дека најголем недостаток на такси превозници има во случај на невреме или претпладне и попладне кога учениците и работниците одат на училиште и на работа.

Сериозен проблем се таксистите кои возат на црно се жалат компаниите, кои им земаат дел од профитот. Такси компаниите веќе две години трпат сериозни удари, уште од пред ковид кризата половина од нив ги затвориле, а кадарот им е преполовен.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе