Вести Економија

Владата подготвува либерализација на железничкиот патнички транспорт

Железницата е критична инфраструктура и Македонски железници е витално претпријатие за државата, и затоа мораме да го стабилизираме, порача министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Во овој момент сметам дека со сите потези и овие 200 милиони денари за покривање на трошоците за електрична енергија, владата покажува дека води грижа за претпријатијата и на некој начин и економијата, бидејќи ние сме витална транзинта земја, рече Бочварски.

Вели дека владата веќе дава субвенции за патничкиот превоз, како што прават и многу други држави затоа што ретко каде патничкиот транспорт е рентабилен. Токму затоа владата размислува и за либерализација на патничкиот железнички сообраќај.

Ние веќе ги подготвуваме законските измени, и од тој аспект можам да потенцирам дека од наредната година влегуваме во либерзлизација на железничкиот транспорт, со што ќе може и железници од други држави да вршат транспорт по нашите железници. Ние сметаме дека со тоа ќе овозможиме повеќе можности за нашите граѓани, рече Бочварски.

Според Бочварски, компаниите како Македонски железници и Македонски пошти се многу значајни за македонската економија, и поради тоа владата не дозволува тие да прекинат со работа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Евакуација на Евија по голем пожар, огнената стихија ставена под контрола

Дејан Дејан

Проектот на Кушнер ја разгорува кризата во Албанија

Дејан Дејан

Трагедија во Франција: Загина еден од основачите на „Ubisoft“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе