За долгот на Железници кон ЕВН ќе се исплатат 200 милиони денари или 3,2 милиони евра пари од државниот буџетот.
Претпријатието кое должи шест ипол милиони евра е од витално значење и мора да се одржи во живот, особено во енергетска криза во која неговата улога за транспорт на енергенси е од големо значење вели министерот за транспорт, Благој Бочварски, но долгот на Mакедонски Железници и Транспорт варира и се менува од ден на ден.
Оваа одлука синоќа е изгласана во Собранието на Република Северна Македонија.
