Вести Економија

Бочварски: Рокот за завршување на автопатот Кичево – Охрид е крајот на 2023 година

Министерот за транспорт и врски вели дека сите проблеми за реализација на автопатот Кичево-Охрид, поврзано со имотно правни прашања, проектантски грешки, клучките се веќе решени.

Сакам помалку да зборуваме за проблемите на тој автопат, туку за тоа до каде сме и што имаме направено. Тунелот од 2 километри, кој е и најголемито тунел во Македонија, веќе е асфалтиран и се преминува на асфалтирање на вториот тунел. Делницата од Требеништа кон Охрид, од десната страна по автопатот е пуштена во сообраќај, а се работи и на процедурите и реализацијата на овој проект на другите позиции, рече Бочварски.

598 милиони евра е цената за изградба на автопатот, а последниот анекс кој што беше потпишан се однесувал само на продолжување на рокот на изградба, кој според Бочварски, сега е 31.12.2023 година.

Освен за автопатот Кичево-Охрид, Бочварски се пофали и со реализација на многу други патни правци, а особено во Пелагонискиот регион. Како што тврди министерот, со изградбата на експресниот пат кон Прилеп, рехабилитацијата на превојот Плетвар и автопатот Прилеп – Битола, комплетно ќе се сменела сликата за Пелагонискиот регион.

Кон Прилеп, таму како што кажав веќе имаме добар прогрес, се работи на пробивање на вториот тунел, очекуваме да биде пробиен фебруари или март идната година. Очекувањата се дека кон крајот на 2023, или почетокот на 2024 година да имаме веќе завршен експресен пат. Од Прилеп до Битола плановите се да се влезе во реализација на авотпатот наредната година, а од Битола до Меџитлија веќе се работи на ревитализација на постоечкиот пат и до поврзувањето со Грција, вели Бочварски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата влезе во кампусот на „УКЛА“: Пропалестинските демонстранти остануваат и покрај наредбите да си заминат

Дејан Дејан

Полицијата застрела вооружен средношколец во Висконсин

Дејан Дејан

ЈСП за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе