Вести Економија Македонија

Бектеши ја знае новата цена на струјата но, чека Регулаторна да ја објави

Ќе направиме се што е во наша надлежност да нема драстично зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата, а ќе има намалување за малите потрошувачи – за микро и малите компании, посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

  • Намалување на цената за малите потрошувачи ќе има заради тоа што веќе се стабилизираат цените за електрична енергија и за природен гас на светските берзи. Тоа дозволува ние да можеме да интервенираме за да бидат поконкурентни нашите микро и мали компании не само на нашиот пазар, туку и во регионот и пошироко, рече Бектеши во одговор на прашање пред почетокот на одбележувањето на  јубилејот „90 години Занаетчиска комора Скопје“.

Нагласи дека е сигурно оти ќе има намалување на цената на електричната енергија за малите потрошувачи на регулираниот пазар.

  • Веќе се обезбедени средства за тоа, а вчера помина и акцискиот план со поддршка на Европската Унија. Очекуваме кон средината на јануари да ги добиеме и средствата од ЕУ со кои ќе можеме директно да ги помогнеме микро и малите компании. Во делот на домаќинствата, граѓаните кои трошат помалку ќе плаќаат помалку, а оние кои трошат непотребно и имаат простор да трошат, ќе плаќаат повеќе и такви ќе бидат и цените, прецизира Бектеши.

Носењето на конечната одлука за цената на електричната енергија на регулираниот пазар по 1 јануари, како што кажа, е работа на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) која веќе ги прави пресметките.

  • Не сакам да кажам дека не ги знам податоците, но не би сакал пред РКЕ да излезам со конечните податоци. Секако дека ги знаеме и јас и премиерот и други членови на Владата, појасни Бектеши.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе