Вести Економија Најважни

Бектеши им се закани на фирмите „шемаџии“, ако треба ќе го менува законот за да не го злоупотребуваат пазарот на струја

Министерот Бектеши е убеден дека ќе ги стави во ред фирмите „шемаџии”. Околу 2.500 компании и општини имаат рок уште десетина дена да го напуштат регулираниот пазар на струја и да се вратат на отворен. Иако ова им го налага владината одлука, некои од нив се изјасниле дека не сакаат да го сторат тоа и повторно да плаќаат струја по далеку повисока цена. Бектеши пак е категоричен,  фимите „шемаџии” кои со добро разработен план успеаа да стигнат до поевтина струја од регулираниот пазар, ќе мора да си најдат снабдувач и повеќе да не ја црпат електричната енергија наменета за домаќинствата и малите потрошувачи. Тврди дека ако треба ќе го промени и законот,  затоа што трошокот кои тие го прават на регулираниот пазар е голем и дерекно е на штета на граѓаните.

Голем дел од овие фирмите шемаџии веќе се пожалиле и во ЕВН и бараат да останат на регулираниот пазар. Но, од компанијата им соопштиле дека мора да ја почитуваат владината одлука. Од ЗЕЛС пак испратиле допис до Уставен суд, со кој бараат оптшините да се изземат од владината одлука или пак да се пролонгира, со образложение дека за да најдат снабдувач со струја ќе им биде потребно многу време, дури и повеќе од три месеци, а и цените на отворен пазар сѐ уште се многу високи.

КОД веќе објави мал дел од имињата на големите фирми „шемаџии“ кои го надмудрија законот и на тој начин дојдоа до поевтина струја. Но, списокот е долг и во него има познати фирми од речиси сите дејности.

За планот први, на почеткот на годинава, алармираа од регулаторната комисија. Списокот беше пратен и до финансиската полиција, а од скоро го доби и УЈП. Дали овие големи фирми ќе сносат некаква одговорност за тоа што го направиле сѐ уште е непознато. Тие со месеци користат  поевтина струја наменета за домаќинствата, а некои направиле и милионски профити.

Од Финансиската полиција вчера за Телма соопштија дека направиле проверки во поголем дел од компаниите. Извештајот го доставиле и до обвинителството. Но, тврдат дека со предистражната постапка продолжуваат. Во слендиот период ќе се проверуваат и сметководствените евиденции на компаниите.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе