Вести Економија

Повисоки цени на струја во третиот и четвртиот тарифен блок најави премиерот Ковачевски

Поскапување во четвртиот тарифен блок но и мало покачување на цената на струјата во третиот тарифен блок. Ова денеска го соопшти премиерот Димитар Ковачевски кој и понатаму е дециден дека ценовен шок за граѓаните нема да има. Предвидувањата на премиерот се дека цените во првите два тарифни блока каде се граѓаните кои трошат помала количина струја месечно ќе се намалат. Она што е јасно е дека ќе има зголемување на ДДВ-то кое расте од 5 на 10 отсто.

Која ќе биде цената на струјата од 1 јануари ќе пресече Регулаторна. ЕВН, ЕСМ, Елекстродистрибуција и МЕПСО треба да ги достават пресметките, трошоците и загубите а регулаторите да ја формираат цената која што домаќинствата и малите фирми кои се на регулираниот пазар ќе ја плаќаат.

ЕСМ во петокот му понуди поскапа струја и поефтина мрежарина на ЕВН. 56 евра за мегават час или 16,5 отсто повисока цена е понудата која државните електрани ја испратија на универзалниот снабдувач а која беше донесена со одлука на Владата на затворена седница. Реалната производствена цена на мегават час на ЕСМ изнесува 73 евра а разликата ќе се покрива со пари од Буџетот. Кога станува збор мрежарината која всушност е покривање на загубите односно кражбите во системот на Електродистрибуција, ЕСМ оди со цена од 110 евра за мегават час што е за 23 отсто пониска цена од сегашната која изнесува 143 евра.

Надлежните остануваат на ставот, цената на струјата нема да поскапи.

МЕПСО кој неделава треба да објави тендер за набавка на струја со која би се покриле загубите во преносниот систем сеуште ги нема доставено пресметките на трошоците и загубите до Регулаторите.

Во моментов државните производствени капацитети работат со речиси максимален погон а  Вчера се произведени 17,5 гигавати струја. Останува уште третиот блок на РЕК Битола за кој директорот Ковачевски најави дека ќе стартува со работа од јануари идната година бидејќи се уште трае транспортoт на трансформаторот од Турција.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Агим Красниќи, брат му и уште двајца од кондовската група на меѓународна потерница – МВР доби известување од косовската полиција

Дејан Дејан

Израел ја згасна Ал Џазира – заплена на техничката опрема, симнување од понудата на кабелските оператори и сателити, под блок и порталот на катарскиот медиум

Дејан Дејан

Владика Петар: Внимавајте за кого ќе гласате за да не се случи „слепец слепи да води“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе