Вести Економија Топ вести

Основните прехрамбени продукти бележат пад во внатрешноста- во Скопје по стари цени. Се уште недостижни 10 проценти намалување кај основните продукти.

Граѓаните на Штип, Битола, Куманово јадат поефтин леб, кашкавал и сирење за разлика од Скопјани.

Само еден производител испорачува пониски месни производи за 7 до 8 проценти. Незначителни 4 денари поевтин зејтин на рафтовите и постојана цена на месото.

Владата откако обезбеди 80 евра за мегават час, и најави поефтинување од 10 проценти на цените, државниот пазарен инспекторат е на терен, но без радосни вести за владата и граѓаните.

„Она што е констатација согласно утврдените цени и споредено со цени од  последна набавка или до 1 ви декември е  дека има благ тренд на намалување претежно во градови од  внатрешноста на државата , на лебот за 3 до 5 денари по парче , на млеко за 2 до 9 денари во различни маркети и од различни производители, на сувомеснати производи од еден домашен производител од 7 до 8 %,  на кашкавал и сирење исто во толкав процент, на масло за јадење кој е во постојан тренд на опаѓање сега за 4 денари . Во Скопје има сосем мало забележано намалување на млеко за 2 денари и пуштен нов тип на леб по 32 денари додека не е забележано намалување на цените на големите производители на леб,“ брифираат од државниот инспекторат за Телма

И од пекарско-мелничарската индустрија велат дека има минимално снижување на цените. Најголемо во оваа иднустрија, но сеуште е далку од предвидените и најавени 10 отсто. Дел од пекарите сеуште се префрлаат на ЕСМ снабдување за да добијат субвенцинирана електрична енергија. Месната индустрија сеуште каска во намалувањето на цените. Овој сектор беше најгласен и реагираше дека цената на струјата не може да ги намали производите и свежото месо за 10 отсто, бидејќи добитокот се храни со скапи домашни и увозни житарици. Сите иднустрии кои добија повластена цена на струјата од владата реагират дека и санкциите кон Русија влијаат на цената, со оглед дека голем дел од житариците доѓаат оттаму. И државниот пазарен инспекторат на терен се соочува со изјавите на производителите дека увозните репроматеријали влијаат на цените, но затоа трговците не куртулиле од казни.

„Голем дел од малите пекари не користат електрична енергија за производство па  немаат намалување  од тие причини – ова се нивни искази. Извршени се 100 тина надзори и издадени 20 прекршочни платни налози за прекршоци кои се направени согласно Законот за трговија . Она што е од наша надлежност е одлуката за висина на маржи се почитува и сите се во исчекување да има намалување на набавната вредност и со новите набавки по трошење на залихите да извршат усогласување. Ние ќе продолжиме и понатаму со нашите надзори,“ се наведува во ивестувањето на ДПИ.

Владата обезбеди 80 евра за мегават час за прехрамбената индустрија, и најави очекувани 10 проценти намалување на цените на основните прехрамбени продукти до крајот на годината. Се поверојатни се очекувањата дека нови и поповолни цени граѓаните ќе видат на почетокот од наредната.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе