Вести Економија Топ вести

Македонија со највисока инфлација во регионот, Турција во Европа

Геополитичките тензии предизвикуваат високи енергетски трошоци, додека намалувањето на понудата исто така ја нарушува потрошувачката, а со тоа директно влијае и врз цените. Крајниот резултат е дека речиси половина од земјите во светот имаат двоцифрена или повисока стапка на инфлација.

Двоцифрена инфлација годинава доминира кај најголем дел од земјите во светот, а во некои, односно во Зимбабве, Либан и Венецуела, кои имаат и највисоки стапки, таа дури е и трицифрена.

Како што се зголемуваа ценовните притисоци, 33 централни банки ги зголемија каматните стапки оваа година. Овие координирани зголемувања на стапките се најголеми во последните две децении, што претставува крај на ерата на најниски каматни стапки.

Почнувајќи од 2023 година, централните банки би можеле да продолжат со оваа политика бидејќи инфлацијата останува агресивно висока.

Според информациите на „Вижуал капиталист“ лидер според стапката на инфлација во Европа е Турција каде во моментов таа изнесува 85,5 отсто и е повисока и од стапката на инфлација во Украина каде инфлацијата изнесува 26,6 отсто.

Од земјите во регионор лидерската позиција и припадна на Македонија со речиси 20 отсто инфлација. Пред нас се Албанија со 8,3 отсто, Грција со 9,1, Србија со 15 отсто, Косово 12,7, Хрватска 13,2, Црна Гора 16,8, Босна и Херцеговина 17,3 и Словенија 9,9 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе