Вести Економија Топ вести

Енигма за владата зошто училиштата одбиваат евтина струја од ЕСМ. Новата цена на струјата се уште се крчка, можно е поскапување

Берзата во Унгарија варира, фирмите трговци иако со ограничена маржа инкасираат милиони евра. Главни клиенти во земјава се уште се големите компании, но и половина од државните училишта. Наместо 95 евра за мегават, основните и средните школи и понатаму купуваат и трошат скапа струја.

Изговори безброј, владата збунета. Парите наместо за проекти, се одлеваат за скапа струја.

Годината одминува, новата наближува, дали ќе донесе поскапа струја за граѓаните и компаниите владата на готовс ги чека пресметките од државната ЕСМ.

Но, додека се прават пресметките, а регулаторната ќе треба да пресече дали и колку ќе расте цената, домашното производство мака мачи да работи со својот максимум.

Наместо со три, РЕК Битола е во погон со два блока, се чека трансформаторот кој заглави на границата Турција- Грција. РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино со преполовени капацитети.

Владата и ЕСМ молчат дали ова се причините зошто одново се докупува берзанска струја.

Опозицијата, пак, со критика зошто нови 2,5 милиони евра ЕСМ троши на увоз само за оваа седмица.

Спшоред официјалните податоци на ЕСМ, досега за овој месец се купени 40.600 мегават часови електрична енергија за кои се платени 16,3 милиони евра. Просечната цена по која се купува струјата е околу 400 евра за мегават час.

Сепак по која цена и од кои фирми од слободниот пазар ЕСМ-продажба ја извршила набавката не е познато бидејќи се уште не се објавени на официјалнот сајт на државната компанија.

А, четврток останува крајниот рок Клинички и МЖ транспсорт да ги платат долговите кон ЕСМ и да се спасат од мрак.

ЕВН  стокми  и  нови  известувања за исклучувања.

Во меѓувреме финансиската полиција привршува со истрагата за фирмите “шемаџии” кои од пролетта со добро разработен модел влечат ефтина струја од регулираниот пазар,  наменета за домаќинствата и малите потрошувачи.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе