Вести Економија Топ вести

ЕВН со последно предупредување до Клинички и МЖ Транспорт, од Финансии уверуваат дека проблемот ќе биде решен

Ќе се спасат ли Клинички и МЖ Транспорт од мрак? – Во четврток идната недела, нивната струја ќе биде исклучена, ако не се најде решение за нивниот милионски долг. Од финансии тврдат ќе се надмине проблемот и „Мајка Тереза“ ќе продлжи со работа како и досега. Транспорт, пак, бара пролонгирање на рокот за плаќање на долгот. ЕВН стокми и нови известувања за исклучувања.

На 15-ти месецов ќе се гаси струјата на Клинички и во МЖ Транспорт, ако дотогаш не се најде решение за нивниот милионски долг за електрична енергија. ЕВН со последно предупредување. Планот е веќе направен. Утврдени се точките каде ќе се исклучува електирчната енергија. Од министерството за финансии пак уверуваат, проблемот ќе биде надминат до крајот на месецов, а Kлинички центар ќе продолжи да функцинира како и досега.

Од МЖ Транспорт, пак, побарале од ЕВН да им се пролонгира рокот во кој треба да го платата долгот.

„Испративме писмо до  ЕВН  со кое бараме рокот за помирување на долгот да се пролонгира до крајот на февруари. Во меѓувреме се преговара со Владата да се најдат пари за  тој да се подмири“, велат за Телма од МЖ Транспорт.

Од ЕВН за Телма соопштија дека веќе ги стокмиле и известувањата за исклучување на струјата и на затворите, судовите, зоолошката градина, факултетите. Дел ќе ги добијат денеска, дел во понеделник. Тие имаат рок до 22 да најдат решение за проблемот, во спротивно ќе останат без струја.

Пред неколку дена и премиерот Ковачевски беше зачуден како некој толку време не плаќал сметки за струја. Рече дека на институциите кои се од голема важност ќе им се плати, но ќе барал и одговрност од раководителите. Министерот за финансии доби задача да направи анализа на секторот за да не се повторува оваа пракса со клинички, иако владеачката коалиција на СДСМ и ДУИ неколку години менаџираше со овој сектори и имаше увид во сите проблеми

Долгот на Клинички е околу седум милиони евра. Во него влегуваат и факутури од ГОБ „8 септември“. Сметки не се плаќале повеќе од три години. На МЖ Траснспорт, пак, е над шест милиони евра.

Долгот за струја на државните и јавните институции претставува сериозна закана за енергетскиот сектор, во време на најголемата енергетска криза.

Во меѓувреме, финансиската полиција привршува со истрагата за фирмите „шемаџии” кои од пролетта со добро разработен модел влечат евтина струја од регулираниот пазар, наменета за домаќинствата и малите потрошувачи. Од понеделник обвинителството ќе добие известување за евентуалните сомнежи за законски прекршувања. Иако, сите институции го имаат списокот со имињата на овие фиркми, ниту една до сега не сакаше да го објави во јавноста.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе