Вести Економија Топ вести

Владата не побарала нови услови за кредитот од ЕБОР

Владата не побарала од ЕБОР промена на условите за кредитот од 100 милиони евра кои требаше да се искористат за справување со енергетската криза, а кои  европските банкари ги замрзнаа затоа што не се изгласа навреме во Собранието. Од ЕБОР не сакаа да коментираат, дали би го одобриле кредитот под нови услови, но велат дека би можеле да размислат.

Опозицијата го блокираше законот затоа што, според нив, во условите на договорот, со кредитот се презема и обврската ТЕЦ Осломеј да се затвори до 2023-тата година, а до 2027-мата сукцесивно да се затворат и трите блока на РЕК Битола.

Вицепремиерот Битиќи, пак, вели дека ова е само делумно точно. Според стратегијата за енергетика на МАНУ, од 2019 та година било предвидено да се случи енергетска транзиција. Но, со  војната на европско тло, се донесени низа на документи за акцискиот план. Предвидувањата се дека РЕК нема да се затвори, туку еден блок ќе се трансформира од јаглен на гас, а во Осломеј веќе е почната транзицијата.

За вториот кредит од ЕБОР, за градскиот превоз во Скопје, потпишан од Шилегов, а  не беше спроведен затоа што Арсовска сметаше дека не е еколошки исплатлив, Битиќи вели дека не може да биде поштетен од 30 години старите автобуси кои собрааќаат. Смета дека, на градот му е потребно модерно решение, а овој проект е токму таков.

Од ЕБОР не открија колку пенали ќе плати државата за неисполнувањето на овие два договори но, велат дека сумата е мала во споредба со парите што се добиваат. За БРТ системот велат дека сумата е се` уште достапна, кога проектот ќе биде комплетиран.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе