Вести Економија Топ вести

По 13 години се бара дозвола за работа на нафтоводот Скопје – Солун

Вардакс, претпријатието кое стопанисува со нафтоводот Скопје – Солун, до Регулаторна комисија за енергетика поднесe барање за добивање лиценца зa повторно да проработи. Во ова претпријатие сопственик од 20 отсто е државата преку претпријатието „Нафтовод“, а поголемиот удел од 80 проценти го има групацијата Хеленик Петролеум.

Директорот на Нафтовод, Есад Рахиќ, за „Фактор“ вели дека нафтоводот има потенцијал годишно да испорачува милион тони дизел за Македонија и Косово и тоа би значело голема сума за државата од наплатата на транспортот.

Директорот вели дека процедурите продолжуваат и понатаму, но важно е дека во меѓувреме се зголемила свеста за овој проект. Во иднина нафтоводот ќе го промени своето име и ќе се вика продуктовод. Барањето до РКЕ е поднесено на 23 ноември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе