Вести Македонија

Веаповска и денеска не се соочи со гинекологот, кој за време на породување со царски ја остави без матка, јајници и бубрег

По вторпат се одложи почетокот на судењето во кое на тројца лекари од струшката болница им се суди за лекарска грешка во случајот со родилката од Дебар. Главниот претрес не се одржа затоа што во судницата не дојде првообвинетитот гинеколог, и поранешен директор на болницата Мухамед Асани, и второобвинетитот негов колега, а дојде само третообвинетата Лилјана Јованоска. Обвинителството ги товари за тешки дела против здравјето на луѓето, затоа што пред две години при породување со царкси рез, Јилдиз Веаповска остана без матка, јајник и бубрег. За ова кривично дел се предвидува максимална затворска казна од пет години.

Ова е тактика на одбраната, малку е провидна, но никој не побегнал од правдата. Би било мудро да се појават во судница и да ги вкрстат копјата со Јавното Обвинителство. Но, јас верувам во судството и правдата, изјави Сашо Јанев, адвокат на Јилдиз Веaповска. 

Јилдиз Веаповска рече дека сѐ уште ги чувствува тешките последици од породувањето по кое остана без три органи, и се надева дека правдата ќе биде на нејзина страна.

Многу сум изреволтирана, наместо да дојдат тука, и да се извинат затоа што ме осактија. Еден ден ќе мора да дојдат и да одговараат, рече Јилдиз Веаповска. 

Одбраната на обвинетата лекарка од болницата во Струга, Лилјана Јовановска, вели дека имаат докази дека таа не е виновна во овој случај.

Имаме изготвен вешт наод, останува судот да одлучи. Вештиот наод не наоѓа вина во третообвинетата, рече Александар Новаковски, адвокатот на Јовановска 

Следното рочиште е закажано за 24 јануари, а судијата рече дека ако обвинетите не се појават ќе побара присилно да бидат донесени.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе