Вести Економија Топ вести

Ниту УЈП не ги открива имињата на фирмите – шемаџии кои со месеци користеле струја за домаќинствата

Во вечерашната Топ Тема, директорката на УЈП Лукаревска тврдеше дека списокот го добиле пред две недели, иако во јавноста се зборуваше дека за планот који го скроиле фирмите, било алармирано уште пред седум месеци. Вели никого не штити, и ги чека првичните анализи од финансиската полиција, за како да постапат во иднина.

Ние не сме имале било каква листа, ако сме имале, би постапиле, тврди Лукаревска.

Таа рече дека УЈП нема образложение зошто листата не им била дадена порано, и дека на своја иницијатива ги поканила директорите на финансиската полиција и пазарниот инспекторат, како и претседателот на РКЕ.

Таму се договоривме како ќе одиме во делот на координиранито пристап, затоа што туку го имаме Законот за трговски друштва, кој што не ограничува основање на ново правно лице во сопственост на друго правно лице, тоа е едниот податок. Другиот податок е што овде станува збор за одредби од Законот за енергетика, за кој што ние буквално немаме никаква надлежност. Надлежноста во овој дел треба да биде во Регулаторната комисија за енергетика и Министерството за економија. Финансиската полиција има одредени опостапувања, во дел од тие компании, и тие по собирање на целата таа документација која што ќе ја утврдат на лице место, доколку има простор за да постапува УЈП, тогаш ќе ни ги достават документите, и ќе постапуваме, рече Лукаревска.

Вели не е точно дека имале добиено некаква листа во фебруари, и дека ја чувале до сега, но одби да ги каже имињата.

Не би сакала сега да кажувам било какви поединости за даночни обврзници. Не ги штитам, напротив, мислам дека може да, доколку тие што ја имаа првично листата, а ни ја доставија на нас, треба нив да ги прашате, рече Лукаревска.

Вели дека на листата има компании од сите дејности, од здравство, бела техника, ресторани, игри на среќа, но не се сеќава дали има и индустриски капацитети. Исто така избегна да одговори дали меѓу нив има веледрогерии, аптеки или ланци на маркети.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе