Вести Економија Македонија Топ вести

Молк од ЕСМ – ќе имаат ли топланите Исток и Запад гас за своите корисници и по утрешниот ден

Уште за утре ЕСМ има гас за скопските топлани. Иако , државните електрани  во вчерашниот кус допис потенцираа дека гас и средства има на располагање и нема да има никакви проблеми со греењето, од компанијата  не информираат за нова склучена набавка.

Во меѓувреме ЕСМ  не доби  дозвола од министерството за животна средина да користи ниту дизел ниту мазут затоа што на пазарот  гасот е достапен, а топланите немаат  соодветни филтри.

„Исток и Запад имаат а интегрирана дозвола тоа значи дека е издадена од животна средина и имаат дозвола да  греат со гас. Ако зборуваме за здравје на граѓаните да, и има гас и тоа јас го слушам има“ вели Насер Нуредини, министер за животна средина.

Откако  почна грејната сезона, гас се купува за краток период , односно за околу две недели.

Надлежните уверуваат дека  ваквиот начин на набавка во моментов е подобар.

Жителите пак на  Скопје Север веќе неколку дена се без греење. Топланата нема доволно финансии за набавка на гас, а Град Скопје не дозволи да користат  мазут.

Во меѓувреме државните електрани  бараат да набават струја за  првите четири дена од декември.

Ги прашавме во ЕСМ за кого се прават овие набавки, како се одвива процесот, затоа што постојано во набавките се споменуваат едни исти имиња на фирми. Но, одговор од таму до овој  момент нема.

Цената  пак на берзите повторно во скок. Еден мегават час чини од 370 до 470 евра.

Со ваквите цени се поставува  прашањето дали  и натаму  е поисплатливо да се купува наместо да се направи обид да се  вклучи ТЕЦ Неготино, кој поради дефект се уште е надвор од мрежа, а тврдењата се дека следниот месец  оваа централа ќе биде повторно во фунцкија.

Од Владата веќе подолго време тврдат дека цената на  струјата од оваа централа е повисока од  берзанската.

Пред неколку дена директорот на ЕСМ,  Ковачевски реце дека  за набавка на струја  за слендиот месец ќе бидат потрошени 25 милиони евра.

Во ноември пак се потрошија речиси 20 милиони евра.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе