Вести Економија Топ вести

Бизнисот бара одложување на даночната реформа

Бизнисот упорно бара да се одложи новата даночна реформа. На само еден месец пред таа да стапи на сила, стопанствното нема информации кај кои даноци ќе се прават корекции. Велат дека за секоја промена тие треба да бидат информирани најмалку шест месеци однапред, за да може да ги направат бизнис плановите. Во овој момент освен што многу доцна ќе им бидат соопштени измените, дополнителен проблем за нив е и тоа што ваквата даночна реформа се прави во време кога фирмите се борат со проблемите од длобалката економска криза кога струјата на берзите е за неклку пати зголемена и тешко ќе може да се носат со овој товар.

Знеме дека сега сме во исклучително тешка криза, веќе денеска 70 отсто е поголема цената   на струјата на слободен пазар, а за утре 371 евро. тоа е двојно повеќе од октомври затоа инсистираме да се процени повторно, дали е време за ваква даночна реформа. Планирањата на бизнисот се нарушени од цената на струјата, плус даночното оптоварување. ќе видиме колку нашите компании ќе можат тоа да го издржат, вели Анета Трајковска од СКМ.

Иако се уште нема детали за новата даночна реформа, се поизвесно е дека ќе се интервенира кај ДДВ од 5 отсто. Од УЈП најавија стеснување на листата на услуги и производи кои се даночат со оваа повластена стапка.

Ќе има ревидирање на добра и услуги со 5 отсто и со 18 отсто и ќе има ревидирање на даночни ослободувања за посебни целни групи за да видиме дали истите тие групи го даваат ефектот за полнење на буџетот. Ќе се ревидираат листата затоа што сме една од ретките земји и во регионот и во Европа, која што имаме многу голем број услуги и производи оданочени со повластена стапка од 5 отсто, вели Сања Лукаревска – директорка на УЈП.

И министерот Бесими во интервју за Дојче Веле рече дека во проекцијата на вкупните даночни приходи вклучени се и очекуваните фискални ефекти од реформите кај ДДВ-то данокот на добивка и данокот на личен доход.

Од Управата велат и дека имаат недостаток на даночни инспектори. Освен што ќе вработуваат нови, можно е да се преземе кадар и од други инситуции.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Следува период на стабилно, сончево и топло време – Временска прогноза за 30.3.2024

Дејан Дејан

Над 20 повредени во автобуска несреќа во западна Германија

Дејан Дејан

Автобус падна од мост во Јужна Африка, загинаа 45 луѓе, преживеа само едно осумгодишно дете

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе