Вести Економија Топ вести

Компаниите ги чекаат договорите од ЕСМ за субвенционирана струја

Неинформираност а не незаинетерсираност. Стопанствениците сметаат дека ова е причината за релативно малиот одзив на компаниите од прехрамбената индустрија за субвенционирана струја, која би ја користеле од 1 декември. Сепак големите компании, двигатели на економијата во овој сектор, веќе ја доставиле комплетната документација и го испочитуваа првиот рок заклучно со 11 ноември, но се во очекување на договорите кои треба да им бидат доставени.

Ангеловски смета дека кампања и објаснување за малите компании како што се стотиците пекари би имала ефект и обостран интерес, како за нив, така и за граѓаните кои се нивни клиенти.

Најавите дека од 1 декември ќе почне намалувањето на цените во прехрамбениот сектор е преурането бидејќи компаниите треба да почнат да ги произведуваат основните прехрамбени продукти плаќајки ја субвенционираната цена на струја од 80 евра, за да може да ги намалат цените. Очекувањата се кон средината на идниот месец, а од ССК се децидни дека намалување на цените ќе има.

Увозните суровини и материјали неопходни за производството во прехрамбениот сектор исто така ја диктираат моменталната цена и најавеното намалување.

Според официјалните податоци кои вчера ги презентираа надлежните досега 235 компании склучиле договори со ЕСМ продажба и од 1 декември ќе користат субвенционирана струја по цена од 80 евра за мегават час. Од ЕСМ ги повикаа компаниите да продолжат со апликации  за од почетокот на идната година да користат поефтина струја.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе