Вести Економија Топ вести

Поевтин леб, млеко и месо од 1 декември?

Ќе јадеме ли поевтина храна одново е прашање кое зависи од цената на струјата. Владата на пренхранбените компании им понуди субвенционирана струја од 80 евра за еден мегават час. Од најмалку 1.000 фирми во оваа дејност едвај една четвртина се регистрирале. Посилен интерес за поевтина струја покажале јавните претпријатија за снабдување со вода, а помал интерес покажале средните и основни училишта. Премиерот Димитар Ковачевски, повторно апелираше до општините да не ја злоупотребуваат мерката и да не ги пријавуваат општинските згради за субвенционирана струја.

Сепак, пријавени или не, од 1 декември останува обврската за намалување на цените на основните прехрабени продукти и тоа ќе важи за сите. Контроли од инспекции и казни кои ги предвидува законот за трговија и за заштита на потрошувачите најави министерот Бектеши за компаниите кои не ги намалиле цените без разлика дали се под капата на ЕСМ продажба или не.

Медиумите прашуваат дали и тие ќе мораат да ги намалат цените на храната, Бектеши не ја исклучува можноста од рестриктивни мерки за непослушните.

Растот на цените на производите изминатиот период, Бектеши вели дека е во согласност со ценовните движења на прехранбените производи на меѓународниот пазар. Прехранбената индустрија е загрижена дека цените на крајните производи не зависат само од нив и маржата туку, пред сè, од берзите и репроматеријалите кои се увозни. Владата сè уште калкулира, но најави дека се работи и на акциски план за дополнителни мерки за поддршка на граѓаните и на мали и микрокомпании, посебно на оние компании што вработуваат поголем дел од граѓаните, а тие главно се мали потрошувачи на електрична енергија кои засега се на регулиран пазар.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе