Вести Економија Најважни

Драстично зголемување на каматата како единствен одговор на растечката инфлација

Потегот на Народната банка и покачувањето за дури 0,75 процентни поени на основната каматна стапка која сега изнесува 4,25 проценти е единствениот одговор за спречување на натамошното растење на инфлацијата и можеби требаше да се дејствува уште порано, смета професорот Ванчо Узунов.

Банките ќе мора да ја следат централната банка, а тоа ќе се одрази врз граѓаните и економијата

Доколку нема ефект и не се заузда инфлацијата НБРМ треба повторно да ја покачи основната каматна стапка, а професорот Узунов очекува тоа да се случи во јануари, бидејќи императив е инфлацијата да стагнира и да почне да паѓа.

Двоцифрена каматна стапка не е нешто непознато во Македонија, но ефектот е девастирачки.

Оптимистичкото сценарио според професорот Узунов е 2024 година да почне подобрувањето на животниот стандард и вистински и стабилен раст на економијата.

Годината ја почнавме со каматна стапка од 1,25 проценти. Првото покачување беше во април од 0,25 отсто како одговор на тогашните 8 проценти инфлација. Во мај и јуни НБРМ ја покачи за нови 0,25 процетни поени за во јули , септември и  октомври зголемувањето да биде по половина процентен поен пред последното највисоко досега зголемување од 0,75 со што каматната стапка достигна 4,25 проценти

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе