Вести Економија

„Краткото туширање заштедува вода, струја и пари“ – владата советува како да ја преживеете зимата

Владата започнува со реализација на информативно-едукативни активности, со кои ќе се подига јавната свест за тоа колку е важно штедењето на електричната енергија во услови на светска енергетска криза.

Целта е овие пораки за важноста на штедењето на електрична енергија да бидат слушнати и прифатени од што е можно повеќе граѓани. На тој начин очекуваме овие пораки да имаат позитивен ефект, да влијаат на сите нас да смениме нешто во секојдневните навики што ќе ни донесе бенефит веднаш и сега. Секој од нас треба да се вклучи и да направи мала промена во домот и на работното место, која ќе значи многу за енергетскиот систем. За да имаме утре, штедиме денес! Ова кризно време бара од секој од нас домаќинско и рационално однесување, истакна соработникот за енергетика Виктор Андонов.

При промовирањето на информативно-едукативни активности под слоганот „Штедиме заедно денес за да имаме утре“, од владината прес служба наведоа неколку примери за заштеда на електрична енергија и упатија апел за рационално користење на ресурсите, со што ќе се овозможи намалување на сметките како и зголемување на конкуренцијата на претпријатијата.

„Енергетски ефикасните сијалици заштедуваат и до 90% електрична енергија.
Одржување на температурата на 22 степени наместо на 25 степени заштедува до 10% електрична енергија. Краткото туширање заштедува вода, струја и пари на вашата сметка.Според некои експертски анализи, доколку се почитуваат овие и други препораки може да се заштеди електрична енергија и до 50%“, посочи владиниот портпарол.

Од таму посочија дека во услови на тешка состојба на глобалниот пазар за енергенси, Владата донесе план за штедење со конкретни насоки за сите органи во состав на државната управа и потенцираа дека заштедата на државните институции кои започнаа да го применуваат овој план изнесува околу 20 проценти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе