Вести Економија

Трансформаторот за РЕК Битола тргна од фабриката во Турција

Новиот трансформатор за Блок 3 во РЕК Битола кој се изработуваше во фабрика во Турција, вчера изутрина тргна со специјален камионски транспорт кон Битола. Трансформаторот се очекува да пристигне во РЕК Битола на 22 ноември, по што ќе бидат потребни 10-тина дена за да се изврши негова монтажа.

Како што информираат денеска од ЕСМ, 400-киловолтниот трансформатор со тежина од 240 тони се пренесува со специјална композиција преку патен транспорт низ Турција, бродски и патен транспорт низ Грција, и патен од преминот Меџитлија до РЕК Битола.

Композицијата долга 60 метри побарува специјални услови за движење, зајакнување на патната инфраструктура на одредени делови на трасата, посебна сообраќајна регулација и управување со мала брзина.

Транспортот тргна со задоцнување од една седмица од предвидениот рок, поради подолгото време кое беше потребно да се осигураат сите услови и соодветни дозволи за движење во Република Грција, кои произлегуваат токму од специфичноста на овој транспорт, велат од ЕСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски спомена одговорност, но не и оставка: Денешниот резултат е разочарувачки и тежок удар за СДСМ, повикувам на внатрепартиски избори

Дејан Дејан

Гордана Силјановска Давкова- нов претседател на Република Северна Македонија

Дејан Дејан

Пендаровски со честитки до победниците: Мојот концепт не доби мнозинство, некои партии ефективно спречија гласање на претседателски избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе