Вести Економија Македонија Најважни

Ќе избегнат ли фирмите – „шемаџии“ одговорност за злоупотребата со купување поефтина струја за која цехот треба да го платат граѓаните?

Министерот за економија Крешник Бектеши ја знае листата на компаниите – „шемаџии “кои ги изиграа правилата и со месеци плаќале поефтина струја за да работат и да остваруваат огромни профити. На овој начин тие плаќале помало ДДВ.

Нашиот репортер, Ирена Чачкова информира дека станува збор за големи супермаркети, мобилни оператори, аптеки, индустриски фирми, но нивните имиња иако се познати на сите надлежни институции, никој не сака да ги открие во јавноста и натаму се кријат во тајност.

Се поизвесно е дека фирмите – „шемаџии“ нема да одговараат за тоа што го направиле, бидејќи со одлуката која веќе е објавена во службен весник , ќе се проверуваат сите барања за броила, за да нема повеќе вакви малверзаци, меѓутоа оваа одлука ќе важи дури од следната година и со ова се отвора прашањето дали овие фирми ќе одговараат за тоа што го направиле и трошеле електрична енергија од домаќинствата, или пак ќе им биде простено и единствено нешто што ќе биде побарано од нив ќе биде да се вратат од регулираниот на отворениот пазар, каде што им е местото и од каде што и досега требале да купуваат електрична енергија, за да може да работат.

Првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски, се надева дека овие фирми побргу  ќе се вратат на регулираниот пазар и признава дека претставуваат вистински проблем за системот, но и товар за цената на домаќинствата.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека ги знае кои се компаниите, но и побара од финансиската полиција и од УЈП да има разрешница на случајот.

Шемата која ја користеле компаниите за да добијат поефтина струја започнала уште во месец февруари.

Најпрвин ја користеле општините  а потоа и големите копмании кои на тој начин дошле до поефтина струја на отворениот пазар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе